Движење БЕСА: Го осудуваме насилството во Собранието на Р. Македонија

Од:

„По денешниот напад над Собранието на Р. Македонија, кога пратениците од парламентарното мнозинство ја реализираа својата законска должност за избор на Претседател на Собранието, Движењето БЕСА ги осудува најостро овие инциденти и констатира дека со тоа што Министерството за внатрешни работи им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да ја нападнат највисоката законодавна институција е знак дека Македонија веќе не доликува на демократска држава и тука никој веќе не е сигурен за својот живот. Притоа ги повикуваме државните органи кои се надлежни за обезбедување на јавниот ред и мир да застанат во одбрана на државните институции и на безбедноста на граѓаните.

Движењето БЕСА го осудува насилството и ги повикува сите граѓани на земјата, особено Албанците, да бидат внимателни, да не излегуваат во јавни плоштади и во фреквентни улици во Скопје и да не бидат жртви на разните провокации, кои се прават со сега познато сценарио. Убедени дека насилството не е начин за решавање на несогласувањата, ги повикуваме сите страни да бидат разумни, бидејќи една мала грешка денес може да ни чини скапо утре“ се вели во соопштението на Движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата