(ВИДЕО) Милошоски: Заев е уценет од нарко-мафијашки структури

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е под притисок да спроведе редефинирање на државата и затоа сака да ги замолчи пратениците.

– Заев е уценет од нарко-мафијашки структури, кои му помагаа во изборите. Повикот за нелегитимен избор на претседател е повик за конфликт, тензии и државен удар. Од ударот кој се обидува очајнички да го изврши Заев, ќе патат само граѓаните, рече Милошоски.

Тој повторно повика на избори и кажа дека странците немале право да се мешаат за тоа дали во Македонија треба или не треба да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

– Зоран Заев ја држи Македонија во криза. Нема доблест да прифати предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Тој е толку уценет и уплашен, што е спремен да оди на се или ништо. Тој како човек кој бил аболициран не треба да се надева на втора аболиција, рече Милошоски.

На новинарско прашање, зошто лидерот на ДПМНЕ, Никола Груевски, не ја држи прес конференцијата, тој кажа дека смета дека е доволно, на Заев да му се одговори на ова ниво.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус