Катимерини – Атина
Кинеската економска дипломатија се засилува во Грција и во целиот регион на Источна Европа, и тоа на само неколку дена пред средбата на врвот на државните раководители во Пекинг, од каде минува Новиот пат на свилата. На неа, ако не се случи нешто непредвидено, ќе учествува и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Средбата се одржува во момент кога Пекинг се обидува да изгради рамка за меѓународна економска соработка на база на трговската оска меѓу Азија и Европа. Со оглед на тоа, стотици кинески фирми отидоа во посети во серија земји, почнувајќи од Албанија и Турција, и стигнаа до Словенија и Чешка.
Минатата седмица, кинескиот вицепремиер беше во посета на Тирана, во момент кога Кина го потврди свое ангажирање да инвестира во морски и копнен транспорт и во енергетската инфраструктура, а неодамна слични посети имаше исто и во Турција, на Кипар и во Израел.
Во контекст на таквата активност, се вклучуваат и се поголемите инвестициски иницијативи во Грција. Тие најмногу се фокусирани на инфраструкурата, во енергетиката, хотелиерството и недвижностите, истакнуваат дипломатски извори. Многу од навестените договори, во таа смисла и со грчки интерес, се очекува да бидат објавени во средината на мај, дополнуваат истите извори.
Претстојниот форум за меѓународна соработка во рамките на Новиот пат на свилата ќе се одржи во Пекинг на 14 и 15 мај, во присуство на претседателот на Кина.
Тоа ќе биде најголемиот настан поврзан со Патот на свилата, откако пред три години беше направена презентација на него, со цел идејата да се претвори во клучна платформа за меѓународна соработка.
Учеството на тркалезната маса веќе најавија над 28 шефови на држави. Во рамките на форумот се предвидени и средби на кои ќе се разговара за координирање на политики за развој на инфраструктурата, за проширување на трговијата и за економска интеграција.
Иницјативата „Ремен и пат“ (Belt end road) беше објавена во Кина во 2013 година, и од тогаш над 40 државни компании склучиле спогодби за спработка со неа. Во 2016, директните кинески инвестиции во 53 држави по текот на Патот на свилата, внеле 14,53 милијарди долари, а вредноста на трговските договори со кинески фирми и конзорциуми од 61 држави достигнале 126,03 милијарди долари.
Во последните години, Грција учествува активно во развојот на Новиот пат на свилата. „Инвестициите на Коско шипинг во Пиреја веќе се реализира, а улогата на Грција како регионален и меѓународен хаб расте“, уверуваат дипломати во Пекинг.
Иновациските стратегии на двете земји се во контекст на иницијативата „Ремен и пат“, а двостраните партнерства се проширилe во однос на транспортната инфарструктура, енерегeтиката, телекомуникациите, финансиите, недвижностите, туризмот и во други сектори“, дополнуваат тие.
Истите дипломати дополнуваат дека „владите на двете држави се во процес на консултации во рамките на планот за дејствување во сферата на инвестиците“.
Атина се стреми кон непосредното зголемување на кинеските инвестиции во Грција и продава големо значење на контактите кои ќе се остварат во Пекинг во средината на мај, за да биде подобрен меѓународниот имиџ на земјата како инвестициска дестинација.
На средбата на врвот учество потврдија претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и на Русија, Владимир Путин, и државните раководители од Казахстан, Швајцарија, Узбекистан, Унгарија, Италија, Србија, Шпанија, Полска, Аргентина, Чиле, Малезија, Филипините, Индонезија, Белорусија и Виетнам.
Целта на кинеската држава е да постигне понатамошно признавање на нејзината улога на главно лице во процесот на глобализацијата и да ја рашири визијата за начините по кои ќе се проширува и во иднина меѓународната соработка. На средбата ќе бидат разгледуван досега постигнатиот напредок и ќе бидат претставени првите резултати од тие напори. Во врска со тоа, се очекува Грција да биде претставена како клучен елемент од Новиот пат на свилата.
Паралелно со тоа, се бараат и можности за постигнување на спогодби или за изготвување на декларација за најважните следни мерки за соработка, кои ќе бидат истакнати и ускладени со различните национални стратегии за развој.