(ВИДЕО) Заев: Доста е со блокадата на Собранието, имаме мнозинство!

Од:

Имаме обврска да ја почитуваме граѓанската волја, демократските процеси бараат посветеност. Повеќе од 30 дена целата јавност се увери дека ВМРО-ДППМНЕ не сака да ја предаде власта за да избега од одговорност. Но бегање од одговорност нема, амнестија нема за никого, ќе се оди на суд, тоа ќе важи и за мене и за сите. Уште еднаш да повторам за да биде јасно, дека е лага дека ќе се менува Уставот, лага е дека Македонија ќе биде бинационална држава, дека ќе се менува уставното име и иденетит, лага е дека ќе мора да се учи албански јазик во Штип, Берово. Лага е дека ќе се прогласи македонскиот јазик за геноциден, сетоа ова што го слушавте од ВМРО-ДПМНЕ е чиста лага, рече лидерот на СДСМ на прес конференција во Собранието.

-Она што беше прифатено од ВМРО-ДПМНЕ беше прифатено и од нас, секако прифативме плус, она што се однесуваше за СЈО. Точно е дека се што разговараме во рамките на Уставот, се што ќе работиме во иднина ќе биде во функција на зацврстувањ ена на унитарноста на Република Македонија.

Како идна власт подготвени сме за соработка со идната позиција, ќе се сакаме по дома, ама овде ќе мораме да соработуваме. Порачувам, парламентарното мнозинство нема да дозволи Трајко Велјаноски да продолжи да го крши Деловникот и законите, рече Заев.

Сето она што го правиме, секаков вид на криза на граѓаните им е преку глава, ние мораме да бидеме внимателни и претпазливи. Ние имаме оформено мнозинство. Кротко, полека ги најавуваме процесите, не сакаме насилство. Сега е 31 ден, колку уште да оставиме, месец, три, нема субвенции, рече Заев.

Следете не, ќе го направиме тоа согласно Уставот и законите, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија