Груевски: Изборите се решение за изборната измама која ја наметнува опозицијата

Од:

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со секретарот за меѓународна соработка, Александар Николоски оствари средба со генералниот секретар на владеачката австриска народна партија, Вернер Амон и директорката за европски и надворешни работи на австриската народна партија, Моника Реинер.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во државата, аспектите и начините за излез од неа, како и регионалните предизвици врзани со бегалската криза, и улогата на Македонија во нејзиното надминување.

Груевски посочи дека на Македонија и е потребен брз излез од кризата, а единственото ефикасно и брзо решение е организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со редовните локални избори.

Груевски посочи дека изборите се и решение за изборната измама која ја наметнува опозицијата, која со цел да дојде на власт по скоро одржаните избори прифати и одобри Тиранска Платформа, создадена во соседна држава, под покровителство на премиер од друга држава со многу спорни елементи за опстојувањето и задржувањето на унитарниот и граѓански карактер на Република Македонија.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во парламентот го користат максимумот од она што деловникот и законот го дозволуваат и низ законска дебата со аргументи се спротивставува на прифатеното од страна на СДС.

Во поглед на мигрантската криза Груевски посочи дека предизвикот останува и дека Македонија досега активно учествуваше во нејзино справување. За уште поголема ефикасност потребна е стабилна влада и излез од кризата, а изборите се најдоброто решение за тоа посочи Груевски.

Тој додаде дека стратешки приоритети на Македонија остануваат членството во ЕУ и НАТО алијансата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Аврамовска – Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто

Горан Наумовски

Деспотовски: Утре ќе поднесам приговори за забелешките од контролорите

(ВИДЕО) Аврамовска Мадиќ: Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера

СДСМ избира нов лидер на партијата

Горан Наумовски