ВМРО-ДПМНЕ: Единствена разврска во корист на граѓаните се нови парламентарни избори

Од:

„Послушниците на криминалецот Зоран Заев немаат ниту еден аргумент со кој ќе го оправдаат предавничкото прифаќање на Тиранската Платформа и обврските кои ги има преземено кон нарко-мафијата што му помагаше на избори. Молчат и се надеваат дека народот ќе заборави и ќе им прости.

Мислат дека народот ќе му прогледа низ прсти на криминалецот Заев и дека тој уште еднаш ќе биде амнестиран дури и ако се обиде да го погази Уставот и законите и формира паралелни институции. Насилниот и криминален избор на Претседател на Собрание ќе биде вовед во формирање на параинституции, акт кој го посакуваат сите негатори на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски средства за да се спротистави на ваквите црни, антидржавни сценарија на криминалецот Заев.

Народот нема да седи и мирно да гледа како некој ја уништува и ја суспендира демократијата, Уставот и законите.

Граѓаните нема да дозволат Македонија да стане двојазична и федерализирана држава. Граѓаните ја сакаат Македонија унитарна и мултиетничка, а не федерализирана држава, на која судбината би и била неизвесна.

Единствена разврска која ќе биде во корист на сите граѓани се нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе му кажат на криминалецот Заев што мислат во врска со Тиранската Платформа.

Криминалецот Заев ова не го сфаќа и упорно сака да ја реализира Тиранската Платформа во спротивност со волјата на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски