Во Куманово се реконструира улицата „Среќко Пужаљка“

Од:

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Среќко Пужаљка“ во центарот на Куманово во близина на училиштата „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“. Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска информираше дека завршено е поставувањето на фекалната канализација на оваа улица, по што ќе следат приклучоци, а потоа улицата ќе се асфалтира.

– Завршена е главната канализациона мрежа, сега се отстранува асфалтната подлога, бидејќи доста е уништена и ќе направиме приклучоци што е дел од ИПА проектот, тоа е обврска на „Жикол“ и „Водовод“. Подоцна ќе продолжи санирање на долниот слој и асфалтирање на два слоја, седум и пет сантиметри, значи 12 сантиметри подлога ќе има 1.200 метри квадратни асфалтна подлога и 600 метри бекатонирање на овие улички две кои се поврзани со „Среќко Пужаљка“, изјави Дамјановски.

Тендерската постапка е завршена, а вкупната вредност на проектот е 6,2 милиони денари. Се очекува градежните активности да завршат за дваесетина дена.

Дамјановски најави повеќе инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат во Куманово во претстојниот период. Информираше дека е завршена тендерската постапка за летно оддржување на улиците.

– Ќе следи крпење на ударни дупки, реконструкција на постоечката патна инфратруктура со површина од 50.000 метри квадратни, која ќе се работи согласно приоритети, согласно договорите со месните заедници. Покрај програмата за тековно одржување, рехабилитација на локална патна мрежа и крпење ударни дупки, рече тој.

Најави и поставуавње на бекатонна површина од 20.000 квадратни метри.

– Тоа се некаде околу дестина километри реконструкција на постоечка патна инфраструктура. Ова е сериозен проект и целата инвестиција ќе чини некаде околу 45 милиони денари. Се надевам дека до крајот на летото ќе завршат сите овие зафати, изјави Дамјановски.

Кумановскиот градоначалник најави и реконструкција на водоводна мрежа во одредени места, а во мај најави распишување тендер за уредување на мини-парк кај спортската сала. Програмите, додаде веќе се усвоени како развојна програма и без разлика што ќе се случи со мандатите, проектите ќе течат.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски