На 4 мај во Македонската опреа и балет ќе настапи словенечкиот културен амбасадор и виолинист со светско реноме, Миха Погачник како дел од проектот “Европа – недовршено ремек-дело“.
Станува збор за музичко – економско – дипломатски спектакл, кој е инициран од уметникот Погачник, а ќе биде реализиран во соработка со Македонската филхармонија и Македонската опера и балет со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Како што беше истакнато на денешната прес-конференција проектот е комбинација на реинтерпретација на класичната музика, на големи дипломатски напори и на напорите на бизнис заедницата заедно, а целта е да се потенцира гласот од периферијата на ЕУ, односно од Западениот Балкан, да се земе предвид силната традиционална хетерогеност на овој регион во културана, етничка и религиозна смисла при неговата целосна интеграција во ЕУ.
Според амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец, како коавтор на овој проект, силната политичка порака која се праќа со проектот наречен „Европа недовршено ремек дело“ е дека тоа ремек дело нема да биде завршено се додека државите од Западен Балкан не влезат во ЕУ. Тоа, додаде, за земјите од овој регион е голем структурен предизвик, но не и за Европската унија ако се имаат предвид некои основни параментри и ги споредиме како број на жители, географија.
– Проектот би моежеле да речеме дека е еден од оние дипломаткско-културни и уметнички иновации кои им се потребни на постконфликтни општества. Неговото глобално значење е во тоа што по неговото завршување Миха ќе може овој уникатен проект да го понуди како производ на секое општество кое се опоравува од конфликти, рече Јазбец.
Уметникот Погачник нагласува дека неговата автентична нетрадиционална метода да настапува меѓу публиката, развиена од неговото долгогодишно искуство има за цел преку високата уметност да испрати порака за полифонискиот идентитет на Европа и за моќта на уметноста како носител на промени, развој.
– Ние не знаеме како да ја употребиме високата уметност како обликувачка сила во човечкиот развој. Тоа се обидуваме да го направиме преку овој проект како светска иновација бидејќи тоа е потребно како динамичен баланс на дигитализацијата. Потребна е радикална дигитализација и радикална хуманизација за да се преживее, а уметноста му помага на човекот да го зачува достоинството и да го најде својот идентитет, вели Погачник
Погачник годинава со проектот кој ќе се спроведува во Неделата на Европа првиот настап ќе го има во Тирана, следи Приштина, а по Скопје, на 9 мај ќе настапи и во Љубљана, каде ќе соработува со тамошните словенечки амбасади, национални филхармонии. Идната година предвидени се настапи и во Подгорица, Белград, Сараево и во Брисел во Европскиот парламент.