Карпестиот остров ,кој љубителите на франшизата „Војна на ѕвездите“ имаа можност да го видат во седмата серија „Силата се буди“, се наоѓа во Ирска, а наскоро би можел да биде преплавен со туристи.
Мајкловата и Големата карпа во Атлантскиот океан, меѓу шестиот и 12 век беше дом на христијански монаси, а денес е од заштита на УНЕСКО.
Вниманието привлече во „Војна на ѕвездите“, како засолниште на Лук Скајвокер, а ќе се појавува судејќи според трејлерот за продолжението и во осмата епизода.
Туристичка организација во Ирска соопшти дека интересот за Карпата се зголемил, како и за турата „Див атлантски пат“, која води долж западниот брег на Ирска.
Ниал Гибонс, извршен директор на Туристичка организација, вели дека ќе се труди да ја искористи големата популарност на филмот за да привлече посетители во Ирска.
И Северна Ирска бележи раст на посетители и тоа поради локацијата на која се снимени некои сцени од популарната серија „Игра на престоли“.