Пронајдено тело на млад скопјанец во објект во градба

Од:

Тело на 27-годишен скопјанец вчера попладне било пронајдено во објект во изградба во oпштина Кисела Вода.

Како што соопшти МВР вчера во 17 часот во Единицата за известување и команда – Скопје, Љ.Д. пријавил дека на улицата „Сава Ковачевиќ“, во објект во изградба, има починато лице. Се работи за Г.Б. (27) од Скопје. Смрттa е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он