ЗНМ и ЕФЈ против законска регулација на порталите и медиумските содржини

Од:

Собранието на Здружението на новинари на Македонија се изјасни против законска регулација на интернет порталите и медиумските содржини бидејќи повеќе закони значи помала слобода за медиумите, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани, на денешната заедничка прес-конференција со Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Рикардо Гутиерез.

– Негативните појави во медиумите како говорот на омраза не се резултат на немање закони, туку поради одбивањето на институциите да ги применат истите. ЗНМ ја одбива идејата за регулација на медиумските содржини и секој професионален новинар треба да одбие државата да ја оценува неговата работа како новинар. Новинарската етика се решава со саморегулаторни механизми, изјави Селмани.

Селмани, исто така, посочи дека бројот на нападите врз новинарите минатата година е зголемен и ги повика институциите да ги казнат насилниците.

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез, изрази загриженост поради анти-медиумската реторика на македонските политичари и посочи дека тие имаат јасна одговорност за неодамнешните напади врз новинари во Македонија.

– Ги следиме сите случаи на притворени новинари во Европа и Македонија, за жал, е една од петте земји каде има вакви случаи. Тоа се Турција, Азербејџан, Црна Гора, Русија и Македонија, изјави Гутиерез.

Во однос на ризикот од ново регулирање на медиумската содржина, Гутиерез, рече дека таа во Македонија е веќе законски регулирана.

– Според нас, во Македонија нема потреба од нови закони за регулирање на медиумите, и сметаме дека прекумерното регулирање ќе биде спортивно на ЕУ стандардите, изјави Гутиерез.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје