ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС веќе не поминуваат кај македонскиот народ

Од:

„Криминогениот СДС да ја сакаше Македонија немаше да ја прифати Тиранската Платформа со која се поткопува нејзиниот суверенитет.

На Заев и СДС никогаш не им беше битен народот. Да им беше битен немаше да дозволат да го навредуваат творците на Тиранската Платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати. СДС немаше да дозволи Зијадин Села што се однесува како нивен портпарол да го негира постоењето на македонскиот народ.

СДС е однародена партија која секој миг е подготвена да ја продаде земјата, националните и државните интереси само за да биде на власт.

За СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев, македонското знаме, македонската химна и името немаат никакво значење.

Тоа го докажаа со тоа што аболицираниот криминалец Заев индиректно ги мотивираше за симнувањето на македонското знаме во центарот на Куманово и развејувањето на негово место на знамето на Албанија, како и за веењето на знамето на голема Албанија на фудбалски натпревар во Скопје.

Затоа народот е на улица. Затоа народот секој ден излегува и порачува на лажговците од СДС дека нивните лаги ги прочитале.

Лагите на СДС веќе не поминуваат кај македонскиот народ. Македонското знаме, македонската химна и името се богатство на народот. Со нив не може да се тргува, за нив одлучува само народот.

Граѓаните на Република Македонија бараат предвремени парламентарни избори за да СДС си ја добие својата казна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните