Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека меѓународните донатори на хуманитарната конференција одржана во Женева, ветиле 1,1 милијарди долари помош за Јемен, држава погодена од војна.
Гутереш ја поздрави иницијативата и додаде дека тоа е половина од 2,1 милијарди долари што ОН годинава ги побара за Јемен, каде секои 10 минути едно дете го губи животот поради глад и болести.