ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата работи ама не функционира

Од:

СДСМ ја носи одговорноста за кочењето и донесување на буџетот за 2013 година. Тоа го прави намерно со цел да продуцира социјална и економска криза. Работата на комисијата е закочена исклучиво поради рекордниот број од 1.226 амандмани кои ги поднесоа пратениците на СДСМ и опозициските пратеници, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во ново писмено соопштение.

„Само за појаснување, сите амандмани на опозицијата тежат колку два дополнителни буџети и доколку тие бидат прифатени државата ќе мора двојно да се задолжи или пак за два пати да ги покачи даноците за граѓаните. Голем дел од амандманите кои беа поднесени во Комисијата, се однесуваа на проекти кои не се во надлежност на централната власт, туку се надлежност на локалната самоуправа.

Комисијата за финансирање и буџет работи, но не функционира. Тоа свесно го прави СДСМ, а Марјанчо Николов го толерира“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму сметаат дека членовите на Комисијата од редовите на СДСМ и опозицијата сами на себе си реплицираат и беспредметно дискутираат надвор од темата, само за да го одложат донесувањето на буџетот.

Тоа, според нив, е показател за неодговорниот пристап на СДСМ кон интересите на граѓаните. „Нивна е одговорноста доколку поради ненавременото изгласувањето на Буџетот дојде до неисплаќање на платите, социјалната помош, пензиите и субвенциите“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски