Повеќе од 9.800 тони фалсификувана храна и 26,4 милиони литри пијалаци првенствено алкохолни, во вредност од 230 милиони евра се конфискувани во операција на Интерпол и на Европол во 61 држави.
Операцијата траела од декември 2016 до март 2017 година, а во неа учествувале полициски и царински служби, санитарна инспекција, кои извршиле 50.000 инспекции.
Фалсификуваните храна и пијалаци се потенцијално опасно по здравјето на човекот.