„Спас за Валандово“: Распишување на референдум за луѓето да го искажат своето мислење за отворањето на рудникот Казандол

Од:

„Иницијативата „Спас за Валандово“ побара од Советот на општината Валандово јавна седница со присуство на граѓаните во соодветен простор и тајминг и единствена точка на дневен ред распишување на референдум преку кој ќе се овозможи луѓето да го искажат своето мислење за отворањето на рудникот за експлоатација на злато, сребро и бакар, Казандол.

Според информациите што ги добивме закажана е седница на која јавноста и иницијативата „Спас за Валандово“ се исклучени, а ќе биде присутен само инвеститорот.

Освен тоа, нашето барање за референдум воопшто не е поставено на дневен ред на седницата закажана за четврток.
Иницијативата „Спас за Валандово“ најавува радикализација на отпорот доколку ниту едно од овие наши барања не се исполни!

Нашите активисти ги посетија сите советници на општина Валандово со барање да ја поддржат иницијативата за распишување на референдум за влезот на тешката и загадувачка индустрија во овој претежно земјоделски регион.
Како граѓанска иницијатива, сметаме дека е неопходно граѓаните да го кажат своето мислење, и да го дадат својот глас, за или против отворање на рудник или било каков вид на тешка индустрија во општината.

Согласни бевме со повеќето од советниците, дека станува збор за прашање од заеднички општ интерес.
Сведоци сме колку погрешните политики можат да бидат штетни за населението, особено по малите места. Ние сметаме дека отворањето на рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово. Референдумското прашање за или против рударски комплекс, според нас е прашање да се биде или не за Валандово. Ова е прашање кое не може да биде затворено од неколку луѓе зад затворени врати, затоа што Валандовската котлина, климата и еколошки чистата средина ни е дадена од генерациите пред нас, но ни е позајмена од генерациите кои доаѓаат“, се вели во соопштението на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on