ВМРО – ДПМНЕ: Становите во Прилеп ќе бидат изградени

Од:

„ВМРО – ДПМНЕ е партија која тоа што го ветува и го остварува. Станови во Прилеп ќе бидат изградени, средства се обезбедени во Буџетот на Министерството за Транспорт и врски за 2013 година и тие станови се внесени во урбанистичкиот, во деталниот и генералиот план на Општина Прилеп.

Ќе бидат изградени 75 станови во населбата Точила. Ги повикуваме ВМРО – НП да апилираат до нивниот коалиционен партнер СДСМ да го поддржат Буџетот за 2013 година на Република Македонија и да престанат да ја кочат работата на комисијата за Финансии и буџет во Собранието на Република Македонија, бидејќи само од нив зависи дали Буџетот ќе биде донесен и ќе започне изградбата на становите“, стои во реакцијата на владеачката партија.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ