Испораката на енергенси за Топлификација ќе продолжи. Компанијата во последните три дена за испорачаните количини мазут и природен гас и платила на Макпетрол вкупно 165 милиони денари со што го намалила долгот на 67 милиони денари.
Од Макпетрол информираат дека ќе продолжат со редовното снабдување на Топлификација со енергенси, но оти ќе ги следат дневните уплати од страна на Топлификација, бидејќи проблемот со финансирањето на Топлификација не е трајно решен.
Од друга страна Топлификација информира дека Управниот одбор на денешната седница донел одлука дека друштвото Дистрибуција на топлина ќе поднесе барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, додека друштвото Производство на топлинска енергија поради немање финансиски капацитети нема да поднесат барање за лиценцата за производство.
За лиценцата снабдување со топлинска енергија, која во моментот ја имаат трите друштва формирани од Топлификација, останува обврската оваа дејност да ја вршат тие, доколку нема други заинтересирани субјекти. б