Потписи за поддршка на родителите на деца со посебни потреби и во Куманово

Од:

И кумановци ќе можат да се потпишат и да дадат поддршка на родителите на деца со посебни потреби на пунктови кои ќе бидат поставени на градскиот плоштад, кои, како што информираа денеска од здружението „Инклузива“, ќе бидат отворени од утре до петок.

– Во периодот од 11:55 до 17:00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе биде отворена книга за собирање потписи за законските измени и подзаконските акти, како и правилници кои се однесуваат на лицата со попреченост и нивните семејства. Ги замолуваме нашите сограѓани кумановци да дојдат и да ја дадат својата подршка за подобра иднина и достоинствен живот на лицата со попреченост и нивните семејства, информираа од Здружение „Инклузија“ од Куманово.

Родителите на децата со посебни потреби собираат потписи за поддршка за да им се исполнат барањата меѓу кои квалитени испитувања, терапии, отварање на дневни центри, стручен кадар и сместување на возрасните лица со посебни потреби по смртта на нивните родители. Родителите на децата со посебни потреби собраните потписи од граѓаните, ќе ги достават до ресорните министерства.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он