ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од СДС се што ветуваме и реализираме

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС се што ветува и реализира.

ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи грижа и унапредување на здравството во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе најголемите реформи во здравствениот сектор во Република Македонија од осамостојувањето до денес.

За разлика од времето кога СДС имаше можност да биде власт, сега здравството е издигнато на сосема ново ниво.

Додека СДС создаваше вештачка криза за лекови, со цел максимизирање на профитот на одредени фармaцевтски компании блиски до врвот на СДС, граѓаните патеа и фаќаа врски по аптеки за да дојдат до најобичен медикамент.

ВМРО-ДПМНЕ стави крај на таквото самоволие и аздисаност.

ВМРО-ДПМНЕ во здравството инвестираше над 110 милиони евра во изградба и реконструкција на јавни здравствени установи ширум Републиката и други 115 милиони евра за набавка на нова медицинска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ вети и отвори целосно нова државна кардиохирургија во вредност од околу 140 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во нов ПЕТ – Центар, за рана дијагностика на малигни заболувања, единствен таков во регионот помеѓу Виена и Истанбул, во вредност од 16 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ вети и изгради нов објект на Детската болница во Козле во вредност од 7 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ вети нов Клинички центар во Штип и истиот е во фаза на изградба, инвестиција во висина од 56 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ ветува нов Клинички центар во Скопје и истиот ќе го изгради.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС секогаш го остварува ветеното.

Граѓаните препознаваат кој работи во нивна корист, а кој одработува за туѓи интереси и турка туѓи платформи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Никола Тодоров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?