Американската дизајнерка Каролина Херера која креира облека за највлијателните жени во светот, изјави денеска дека луѓето не познаваат разлика меѓу „секси“ и „вулгарно“.
Во интервју за Дејли телеграф изјави дека денешните жени облекуваат здолништа кои се два броја помали за да изгледаат секси меѓутоа, изгледаат вулгарно, а не предизвикувачки.
– Елеганцијата денес се поврзува со нешто старомодно, но тоа не е така, вели Херера која носи долги здолништа, кошули и машки пантолони. Тврди дека на неа и се потребни 10 минути за да се подготви и да излгеда гламурозно.
Додаде дека жените не треба да следат трендови.
– Жените не може да пронајдат свој стил бидејќи премноги внимание посветуваат за тоа да им покажат на луѓето што всушност носат. Но, секоја жена би требала да пронајде стил кој најмногу и одговара и со тој стил да се изразува, вели таа.