Ова предјадење одлично оди со чаша бело вино …
Потребно е:
500 гр сирење
1/2 чаша ореви
3-4 лажици мед
босилек
Подготовка:
– Исечете го сирењето на парчиња. Секое парче ставете го во алуминиумска фолија.
– Одозгора посипете со претходно измелените ореви, 1 лажица мед и малку сув босилек.
– Завиткајте ги во фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 8-10 минути.
– Сервирајте ги по едно парче во порција.