Европа и мигрантската криза – справување со причините и последиците

Од:

Европа и мигрантската криза – справување со причините и последиците е темата на дебатата што денеска во Скопје ја организира Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ).

– Во чест на одбележување на Денот на Европа 2017 година, Европското движење во Република Македонија веќе неколку години организира серија од дебати, придонесувајќи за промовирање и јакнење на европските вредности. Во спонтана атмосфера се дискутираат прашања, за кои јавноста покажува особен интерес. Едно од прашањата со кое јавноста е сè уште преокупирана е мигрантската и бегалската криза, чие решавање најчесто се поврзува со отстранување на последиците и избегнувањето на хуманитарната катастрофа, што претставуваше платформа за заедничка соработка и размена на искуства во Европа, посочуваат од ЕДРМ.

На дебатата се осчекува да говорат Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка, Соња Божиновска, шеф на канцеларијата на ИОМ во РМ, како и Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Македонија.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка