Заев на средбата со Безак: Никој не смее да ги попречува државните интереси, мора да има решение по демократски пат

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Р.Словачка во Р.Македонија, Мартин Безак.

Тема на разговорот беше потребата од деблокирање на демократските процеси, со коишто ќе се овозможи стабилност и развој на Република Македонија кон ЕУ и НАТО и квалитетен живот за граѓаните.

-Решение мора да има низ почитување на демократските принципи. Граѓаните на кредибилни избори се изјаснија за промени. Легитимно е формирано новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од околу 700.000 граѓани. Продолжуваме кон избор на нов претседател на Собранието и нова Влада, според мнозинската волја, рече Заев.

На средбата било нагласено дека е неопходно сите институции, партии и поединци да овозможат мирен трансфер на власта.

-Никој не смее спротивно на Уставот и на државните интереси да ја загрозува егзистенцијата и стабилноста на граѓаните бидејки се тоа тешки казниви дела, рече претседателот Заев.

На состанокот се разговарало за итните реформски приоритети што е подготвена да ги реализира новата Влада. Претседателот на СДСМ, Заев соопштил дека веќе постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија којашто е посветена на потребите на сите граѓани и на државните интереси преку развој на Република Македонија во демократска и современа земја со евро-атлантски перспективи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот