Остров на кој се нурка во „црното око на џиновски череп“

Од:

Нуркањето во Сината дупка – подводна пештера на островот Гоз, е едно од најфасцинантните искуства во светот.

Новинарката Силвија Марчети ја опиша нејзината авнтура како „скокање во црно око на џиновски череп“ и истакнува дека нуркањето во ова солено езеро може да биде еднакво застрашувачко како што звучи.

Сината дупка е длабока 16 метри, а на нејзиото дно се наоѓа подводен тунел од 80 метри, кој води кон морето.

Водата е кристално чиста, но што подлабоко нуркате, станува се потемно. Длабочината во некои делови на тунелот достигнува 35 метри, па дури и во најтоплите месеци може да се наежите, поради ниските температурата на водата и поради загарантираниот налет на адреналин.

По убавите природни карпи, обоени во виолетова, жолта и сина боја, како и сунѓери, саси, риби, јагули, октоподи и друг разновидни морски свет, кој го исполнуваат тунелот, следи најголема награда – голема вертикална пукнатина, наречена „оџак“.

Искусните нуркачи советуваат дека во неа се нурка бавно и дека се користат претежно нозете, затоа што премногу мафтањето предизвикува дигање на песокот од дното, што многу ја намалува видливоста. Зголемената физичка активност исто така придонесува за брзо трошење на кислородот, што значи дека постои можност турата да заврши многу порано, а тоа секако не го сакате.

На четири метри длабочина се гледа преубав морски парк, составен од корали кои се протегаат во отвореното море. Доколку се нема желба да запливата во средината на големото, сино, водено пространство, може да се вратите назад во пештерата и да се ужива во нејзините убавини.

Сепак во Сината дупка не може да се оди сам. Ќе мора да одите до нуркачкиот центар каде просечната цена на разгледување на пештерата чини 40 евра. За минување на тунелот исто така е потребен специјален сертификат, кој укажува на тоа дека сте ги совладале вештините на нуркање до 40 метри длабочина.

До островот Гозо може да се дојде со брод од Малта, а најдоброто време за патување е од јуни до септември. Водата е најтопла во август, но треба да се има предвид дека тогаш има многу посетеност. Од друга страна претстојот во пештерата многу е спектакуларен што најверојатно ќе направи да го заборавите метежот веднаш по нуркањето во неа.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска