Гнезда од компири со спанаќ

Од:

Вкусно, ароматично и подготвено со многу фантазија …

Потребно е:
3 компири
100 гр спанаќ
100 гр сирење
1 јајце
50 гр колбаси
сол, бибер
масло

Подготовка:
– Од хартија за печење исечете 6 ленти.

– Земете два сада за суфле или пак ако немате може да послужи и калап за мафини. Во два отвора ставете по две ленти хартија во крст. Треба да излегуваат надвор од калапите.

– Излупете ги компирите и исечете ги на тенки кругови. Пропржете ги на малку масло од двете страни.

– Наредете ги на дното и по краевите на калапот за мафини.

– На истата маснотија во тавата издинстајте го измиениот и исецкан спанаќ. Со решеткаста лажица префрлете го во еден подлабок сад.

– Во садот додадете го јајцето, издробеното сирење и исецканиот колбас. Зачинете и убаво измешајте.

– Оваа смеса ставете ја на компирите во калапот. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да се запечат и да добијат убава боја.

– Со помош на хартијата за печење извадете ги од калапот и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска