Коцијанчич: Итно да се избере спикерот на Собранието и да се стави крај на несигурноста

Од:

Европската Комисија денеска повторно повика да се почитуваат резултатите од изборите и претседателот Ѓорге Иванов да ја ревидира својата одлука, пренесува „Мета“.

– Како што ЕУ и претходно соопштуваше, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, да се стави крај на сегашната несигурност и владата мора да се оформи без натамошно одложување врз база на парламентарното мнозинство кое што е формирано – изјави за „Мета“, портпаролката на Европската Комисија Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашањето „дали ЕУ планира некакви мерки за деблокрање на кризата и дали е можно доаѓање на нови високи претставници на ЕУ во Македонија“.

Таа потсети на претходните изјави на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и Европскиот парламент, кои по повеќе наврати побараа Иванов повторно да ја разгледа одлуката.

– Го охрабруваме претседателот итно да го преиспита својат став. Сега очекуваме сите политички лидери и институциите да дозволат демократските процеси да го продолжат својот тек. Тоа вклучува избор на спикер на Собранието, без натамошно одложување – рече Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Националниот совет за евроинтеграции со еден глас: Крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство

Ана Ололовска

Остварен добар напредок, особено во подготовката и спроведувањето на Пописот 2021, се вели во Извештајот на ЕК

Ана Ололовска

ЕК: Постигнат е напредок во економската и социјалната политика, но има уште неисполнети препораки

Ана Ололовска

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Земјата задржа постојан и одлучен тек во реформите

А1он

ЕК: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Ана Ололовска

Фон дер Лајен денеска во Скопје, а утре во посета доаѓа и еврокомесарот Вархеји

Ана Ололовска