Заев на средбата со Иваниќ: Демократските процеси ќе продолжат, институциите да одговорат на уставните должности

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска оствари средба со делегација на Босна и Херцеговина предводена од Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

На средбата се разговарало за унапредување на долгогодишната соработка и пријателство меѓу девете земји како и за итноста и важноста од деболкада на демократските процеси во земјата што е интерес и на Македонија и на регионот.

„Оформено е легитимно мнозинство од 67 пратеници во Парламентот на Р.Македонија коешто ја одразува волјата на околу 700.0000 граѓани кои на кредибилни и регуларни избори јасно избраа промени, заедништво и економски напредок на државата. Институциите на системот и политичките субјекти во земјава имаат одговорност и се должни да обезбедат мирен трансфер на власта што е врвен државен интерес за граѓаните на Р.Македонија. Граѓаните очекуваат разрешница и стабилизација на политичката состојба и затоа согласно Уставот, законите и Деловникот ќе следува избор на претседател на Собранието на Р.Македноја и нова реформска Влада.“ рекол Заев.

Заеднички констатирале дека стабилноста и мирот во земјата се врвен приоритет за граѓаните на Р.Македонија исто така важни и за земјите од регионот и затоа институциите на системот мора да овозможат продолжување на демократските процеси во земјава.

Во духот на пријателските односи било оценето дека добрата соработка и понатаму ќе продолжи да се унапредува, дека двете земји ќе разменуваат позитивни искуства и практики коишто ќе им помогнат да направат исчекор напред во европските интеграции што е од голем интерес и за граѓаните на Р.Македонија и за граѓаните на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници