Канелони со пилешко и буковка

Од:

Интересен спој на состојки …

Потребно е:
за филот:
300 гр пилешки копан и надкопан
1 л пилешка супа
2 листови ловор
100 гр крем сирење
150 гр козјо сирење
1 јајце
150 гр буковка печурка

за преливот:
1 лажица путер
1 лажица маслиново масло
1 помала главица кромид
3 чешниња лук
500 мл павлака за готвење
75 гр пармезан
250 гр канелони

Подготовка:
– Во 1 л вода во која сте ги ставиле ловоровите листови сварете го пилешкото месо. Свареното месо исецкајте го на мали парчиња, а пилешката супа зачинете ја со сол и зачини по желба.

– На малку маслиново масло испржете ја исецканата буковка.

– Сецканото пилешко месо помешајте го со крем сирењето и козјото сирење, сол, бибер, пропржената буковка и јајцето. Убаво измешајте.

– За сосот на маслиново масло растопете го путерот и додадете ги сецканите кромид и лук и кратко пропржете ги.

– Потоа додадете ја павлаката за готвење и динстајте уште 10-тина минути.

– Канелоните наполнете ги со смеата од пилешко и буковка и наредете ги во намастена керамичка или огноотпорна тава. Прелијте ги со подготвениот сос и на крај посипете со рендан пармезан.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска