СЕ: Враќањето на смртната казна во Турција и членството во Советот се некомпатибилни

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа преку својот известувач за аболицијата на смртната казна Ив Круштен реагираше на евентуалните намери за враќање на смртната казна во Турција, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Се шират информации дека претседателот Ердоган предвидува одржување референдум за прашањето за враќање на смртната казна во Турција, изјави Ив Круштеб, генерален известувач на ПССЕ за укинување на смртната казна.

– Сакам да потсетам дека во моментов во 47 земји-членки на Советот на Европа не е извршена ниту една смртна казна. Укинувањето на смртната казна е основен принцип на нашата организација , рече тој.

Тој истакна дека ПССЕ придонесло за отстранување на смртната казна на целиот европски континент, со условување на членство во Советот на Европа со воведување мораториум на егзекуциите и посветеност да се укине смртната казна.

– ПССЕ нема да прифати назадување по ова прашање. Претседателот Ердоган не треба да има илузии. Враќањето на смртната казна е едноставно некомпатибилни со задржувањето на Турција во Советот на Европа, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски