Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави денеска дека прашањето со тензиите на Корејскиот полуостров може да се реши само со дипломатски средства.
Северна Кореја соопшти дека ќе ја продолжи нуклеарната ракетна програма и покрај санкциите на ОН.
На прес конференција во Пекинг, кинескиот шеф на диполоматијата ги повика сите страни во конфликтот да најдат мирно решение.
На 16 април Пјонгјанг изврши нов обид за лансирање ракета кој беше неуспешен. Еден ден претходно на воена парада беа претставени и нови севернокорејски ракети меѓу кои и балистичка ракета што може да биде испукана од подморница.