Ароматичен јагнешки ролат

Од:

Никој не може да одолее на вкусно парче месо со печени компири и зеленчук во прилог…

Потребно е:
2 кг јагнешко месо од бут
2 лажичиња рузмарин
50 мл масло
3 чешниња лук
2 лажици сок од лимон
50 гр месната сланина исецкана на тенки парчиња
1 лажица мелен сув зачин

за прилогот:
1 кг компири
150 гр морков
100 гр корен од целер
100 гр корен од магдонос

Подготовка:
– Јагнешкиот бут внимателно одвоите го од коските. Дебелите краеви малку истенчете ги со дрвен чук.

– Месото истријте го со мелениот сув зачин, рузмаринот и истолчениот лук. Искапете го со сок од лимон.

– Сега преку месото наредете ги парчињата сланина и замотајте го како ролат.

– Ролатот од месо заврзете го со кујнски конец за да не ви се отвори додека го печете и од надвор малку посолете го.

– Ролатот запржете го од сите страни на врело масло во тава на рингла. Додадете го сецканиот коренест зеленчук и заедно пржете ги уште малку.

– Ролатот и зеленчукот извадете го од тавата и ставете го во огноотпорна тава за печење. Прелијте ги со малку вода (50 мл).

– Тавата прекријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече на 200 целзиусови степени околу 45 минути.

– Компирот излупете го, кратко сварете го (околу 5 минути) и исцедете го.

– Тргнете ја фолијата со кој ја покривте тавата во која го печете месото и додадете го компирот. Измешајте го со другиот зеленчук.

– Тавата вратете ја во рерна да се допече уште 20-25 минути.

– Печениот јагнешки ролат ставете малку да се излади, тргнете го конецот, исечете го на парчиња и послужете го со печените комири и зеленчук од тавата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска