Велигденски колач со суво грозје и чоколадо

Од:

Фин и мирисен колач кој лесно ќе го подготвите …

Потребно е:
400 гр пченично брашно
2 жолчки
16 гр свеж или 1 кесичка сув квасец
60 мл маслиново масло
100 гр шеќер
200 мл млеко
1 ванилин шеќер
прстофат сол
изрендана кора од 1 лимон
50 гр суво грозје
50 гр сецкано црно чоколадо

за глазурата:
2 белки
100 гр шеќер во прав
бадеми
шеќер во гранули

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги млекото и квасецот и убаво разматете ги.

– Во друг сад ставете го брашното и разматениот квасец и убаво измешајте.

– Потоа додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер, изренданата кора од лимон, маслиновото масло и благо изматените жолчки.

– Убаво измешајте и почнете да го месите тестото. Ако тестото е многу меко додадете уште малку брашно. Месете го тестото 10-тина минути. Тестот обликувајте го како топка и покријте го со влажна крпа. Оставете го да стои на топло за да нарасне, околу 2 часа.

– Пред крај на овие 2 часа, сувото грозје потопете го во млака вода 10-тина минути, а потоа исцедете го и посипете со малку брашно.

– Исецкајте го чоколадото на мали коцкички.

– Повторно преместе го тестото и поделете го на два еднакви делови.

– Во едниот дел додадете го сувити грозје и месете го неколку минути.

– Во другиот дел додадете го сецканото чоколадо и месете го неколку минути. (Ако користите само еден додаток тогаш не го делете тестото на два дела.)

– Сега тестото со сувото грозје поделете го на два дела и секој дел обликувајте го во долгнавеста форма. Истото направете го и со тестото со сецкано чоколадо (види слика).

– Земете ги двата дела со суво грозје и ставете ги накрсно како на сликата, а потоа во калап за печење. Ако немате некој соодветен калап тогаш ставете ги во тава за печење обложена со хартија за печење, а потоа ленти од алуминиумска фолија замотајте ги околу тестото, но внимавајте фолијата да не го допира тестото затоа што тестото уште ќе нарасне.

– Истото направете го со тестото со чоколадо во него.

– Оставете ги на топло околу 30 минути за да нараснат.

– Додека стасува тестото направете ја глазурата. Во еден сад измешајте ги шеќерот во правсо белките. Со ова намачкајте го тестото и посипете го со шеќерот во гранули. На крај наредете и цели бадеми на тестото.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 210 целзиусови степени 20-25 минути. Проверете ги со чепкалка за заби дали се печени.

– Извадете ги од рерна и оставете ги убаво да се изладат. Посипете ги со шеќер во прав и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска