ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се постизборно измамени, Заев им сервира нешто за кое што не гласале

Од:

„Криминалецот Заев и злосторничкото здружение во врвот на СДС упорно ја туркаат Тиранската Платформа и не се откажуваат од нејзината реализација спротивно на волјата на граѓаните.

Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него за да дојдат на власт и да се спасат себе си од многубројните кривични прогони за криминалите кои ги извршиле се спремни во целост да ја реализираат платформата од Тирана.

Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите кои ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија.

Криминалецот Заев сето ова го прави мошне отворено и без срам ги лаже сопствените граѓани и гласачи. Мухамед Зекири од СДС лично потврди дека СДС прифатил се од Тиранската Платформа.

Заев го демантира и Зијадин Села кој јавно кажа дека без реализирање на Тиранската Платформа не влегува во Влада.
Зијадин Села е човекот од кого ќе зависи идното владино мнозинство на Заев, а кој јавно кажува дека македонската нација пред 100 години не постоела, дека не го признава македонското знаме и химна и дека сака да ги смени и нив и Уставот.

Криминалецот Заев молчи на ваквите изјави на својот иден владин партнер, како што молчеше и тој и СДС на антидржавните изјави на Еди Рама и Дитмир Бушати.

Граѓаните се постизборно измамени, Заев им сервира нешто за кое што не гласале на избори. Затоа граѓаните со право се револтирани.

Граѓаните се против секакви странски платформи и мешања во внатрешните работи на Македонија. Тоа секој ден јасно го кажуваат на улиците ширум Македонија и тоа треба да се почитува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО