Најмалку 97 мигранти исчезнаа откако нивниот брод потонал близу брегот на Либија, соопшти портапрол на морнарицата на таа држава, генерал Ајуб Кацем.
Тој рече дека крајбрежната стража на Либија спасила досега 23 мигранти од Африка, од различни националности.
– Спасените тврдат дека меѓу исчезнатите има 15 жени и пет деца -рече Кацем.
Тој изјави дека исчезнатите најверојатно загинале, додавајќи дека лошото време во регионот создава проблеми во откривањето на нивните тела.
Кон крајот на март Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти дека од почетокот на годината во обид од Либија да стигнат до европскиот брег, загинале или исчезнале најмалку 590 илегални мигранти.