ФОТО: На покривот на нов шопинг центар во Пекинг ќе можете да санкате

Од:

Американскиот архитект Ендрју Бромберг кој работи во фирмата „Аедас“, основана во Хонг Конг, проектирал зграда која ќе се најде во рамки на комплексот China World Trade Center во Пекинг.

Ексклузивниот шопинг центар ќе се гради во Пекинг, во градскиот деловен кварт Чаојанг. Зградата е специфична поради необичниот елипсест кров со парк, градина, шеталиште и патека која во зима ќе биде покриена со вештачки снег и ќе стане место за санкање.

Проектот моментално е во петтата и последна фаза на мастерпланот на кој се работи веќе 30 години.

Во оваа зграда ќе се наоѓаат разни изложбени и галериски простории, продавници, ресторани, кафулиња, како и разни деловни простории, апартмани. Зградата исто така е наменета за поврзување на моменталната и идната линија на подземната железница.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска