Плескавици од неколку видови риба (посно)

Од:

Потребно е:
300 гр туна од конзерва
500 гр ослич
200 гр сардина од конзерва
100 гр сварен ориз
100 гр лебни трошки
10 чешниња лук
2 главици кромид
1 лажиче рендано морско оревче
сол, бибер

Подготовка:
– Сварете го осличот, исцедете го и оставете да се излади. Потоа ставете го во блендер заедно со туната и сардината и ситно измелете ги.

– Добиената смеса ставете ја во еден сад и додадете ги ситно сецканите и пропржени на малку масло, кромид и лук.

– На крај додадете ги сварениот ориз, лебните трошки и зачинете со морското оревче, сол и бибер. Убаво измешајте да се поврзат сите состојки.

– Од добиената смеса формирајте плескавици и испржете ги на врело масло во тава на рингла.

– Како прилог послужете сварени компири или некој друг зеленчук.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска