Еден починат во сообраќајка кај селото Куново

Од:

Педесет и шестгодишниот Љ.Д. од Гостивар починал на самото место по сообраќајната несреќа што вчера, во засега неутврдено време, се случила на локалниот пат што од селото Куново води кон Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека Љ.Д., управувајќи со автомобил „Опел Аскона“ со гостиварски таблички излетал од локалниот пат кај селото Куново, по што со возилото паднал во бездна покрај патот. Од излетувањето и паѓањето тој се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на местото до несреќата. Неговото тело и возилото било пронајдено денеска, по што била повикана екипа на Брзата помош, но лекарите само ја констатирале смртта кај гостиварецот.

– На местото од несреќата има увидна екипа од полициската станица Гостивар, а се очекува секој момент таму да пристигнат и јавен обвинител и лекар по судска медицина. Нивниот увид треба да ги утврди причини, околностите и се друго поврзанио со оваа сообраќајна несреќа со смртни последици, посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар