Пратеникот од невладиниот сектор кој е во коалиција со СДСМ, Павле Богоевски, одговори на сите напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Шарената револуција.
Тој нагласи дека повеќе од 10 дена, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за волја и свест, со што како што рече ја сквернават граѓанската свест.
– Денеска е една година од најголемото движење. Благодарение на Шарената револуција не сте аболицирани, туку дел од вас осомничени. Ги откажавме изборите на 5. јуни, по кои ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше 130 пратеници во Собранието, ја сменивме политичката сцена засекогаш, рече Богоевски.
Во врска со Собранието, тој кажа дека точно е дека Шарената револуција го обоила, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го уништиле долго пред тие да го обојат.
– Гласавте 130 закони за 24 часа. Се правите патриоти, а преговарате за името зад грб. Шарената револуција ќе продолжи да го бои овој дом, но сега од внатре, рече Богоевски.