„Турандот“ во МОБ

Од:

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, а за кореографијата се погрижи Саша Евтимова.

– Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, што беше дел од минатогодишните „Мајски оперски вечери“ повторно се враќа на сцената, информираат од МОБ.

Настапуваат Павлина Новакова, Ворен Мок, Бинг Бинг Ванг, Владимир Саздовски, Кристијан Антовски, Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, Дарко Нешовски и Тихомир Јакимовски.

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска