Премиера на „Синиот портокал“ во Велешки театар

Од:

На малата сцена на Велешкиот театар „Џинот“ вечер ќе биде премиерно изведена претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.

Настапуваат Самоил Стојановски, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Драматургијата е на Катерина Момева, сценографијата на Филип Коруносвки, а автор на музиката е Сашко Костов.

„Синиот портокал“ е македонска праизведба на истоимениот драмски текст на британскиот автор Џо Пенхол кој во своите драми се занимава со современиот социолошки контекст, а ликовите за кои пишува се индивидуи кои бараат себереализaција во општеството кое робува на бирократизација и меѓучовечки ривализам.

Станува збор за саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21-виот век. Првпат е поставена во 2000 година во Националниот театар во Лондон и доживува голем успех освојувајќи ги наградите за најдобра драма на три престижни британски фестивали.

Во центарот на оригиналната пиеса се двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, афроамериканец кој доаѓа од црнечкото гето, кој во постановката на драмата во Велешкиот театар се вика Ерџан и е Ром и заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника.

Репризите на претставата се закажани за 18 и 27 април.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка