Пожар во куќа на жител од Пршовце, осомничен неговиот син

Од:

Материјална штата од околу 180 илјади денари е причинета од пожарот што изминатата ноќ околу 1 часот по полноќ избувнал во куќата на Ќ.О. (72) во тетовско Пршовце во кој, за среќа, нема човечки жртви, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според првичните податоци по полицискиот увид, за избувнување на пожарот се сомничи Џ.О.(38), син на Ќ.О, кој подолго време се соочувал и се лекувал од психички проблеми и кој набрзо ја напуштил куќата. Пожарот бил локализиран по околу два часа од неговото избувнување со интервенција на тетовските пожарникари.

– Опожарена е комплетната конструкција на покривот од дрвени греди и ќерамиди, двете спални на првиот кат и дрвената меѓукатна конструкција. Опожарени се и прозорците на спалните, два кревета, комода, телевизор и радиокасетофон, како и дрвени скали од надворешната страна на куќата, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски