Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Книгите што ќе конкурираат за ова признание, во ДПМ треба да бидат доставени до 5 мај.
Наградата „Даница Ручигај“ се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија, во текот на јуни.
Доделувањето на ова признание е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на македонската поетеса Даница Ручигај (1934-1963)
Наградата „Даница Ручигај“ беше востановена во 2014 година. Досегашни добитнички на ова признание се поетесите Елена Пренџова и Љерка Тот Наумова.