ВИДЕО: Шилегов даде примери како се прескокнувале точки од дневниот ред

Од:

Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов извади стенограми од седници од претходниот пратенички состав каде на барање на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски на седницата било преминувано на друга точка од дневниот ред идентично како што они бараат да се премине на избор на претседател на Собранието.

– Еве ви неколку примери како вие сте постапувале по Деловникот. Цитирам: „По точка 1, преминуваме на точка 3 од дневниот ред“ и на крајот втората точка сте ја вратиле. Белешки од 120. седница: „Колеги пратеници, тука ја пекинувам оваа седница, ќе ја продолжиме во 15:30 часот, а за 10 минути продолжуваме со новата седница“ сте ја прекинале дебатата по точката за да почнете нова седница, рече Шилегов обраќајќи се на претседавачот Трајко Вељаноски.

Тој го повика Вељаноски да постапи согласно Уставот и Деловникот, бидејќи сноси одговорност. Претседавачот не одговори на дадените примери, туку единствено рече дека треба да се чита Деловникот целосно, а не само еден член од него.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули