„СДС конечно се одважи и призна дека европскиот здравствен потрошувачки индекс е релеватно рангирање на европските здравствени системи, па денеска посвети цела една прес конференција на ова рангирање. СДС за жал не сака да ги види фактите во овие рангирања според кои Македонија е меѓу првите 20 најдобро рангирани здравствени системи во Европа, а притоа македонскиот систем МојТермин е реформа која се препорачува за имплементација и во другите европски земји. Со цел да манипулира со јавноста СДС се обидува од контекст да извади само еден графикон и да го злоупотреби за ситни партиски поени. Сепак граѓаните лесно може да направат споредба не само за здравствениот систем, туку и конкретно достапноста на лековите во време на СДС и во време на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС нема кредибилитет да зборува за здравството затоа што, во времето на нивно владеење граѓаните чекаа со недели да добијат лек на рецепт.
Владата на СДС во 2002 година одвојуваше само 1 милијарда денари кои биле искористени за 8 милиони рецепти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2016-та издвои 2.55 милијарди денари за 22.2 милиони рецепти, а за 2017-та година 2.75 милијарди денари
Во 2005-та година имаше договори со само 40 правни лица кои издаваа лекови на рецепт, сега се 776 аптеки низ цела држава.
ВМРО-ДПМНЕ одвојува повеќе од двојно средства за лекови на рецепт во споредба со СДС.
Во 2016-та година, бројката на лекови на товар на Фондот достигна 1.210 лекови од кои 75% се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства, освен партиципација согласно законските прописи. Лекови на рецепт во 2016-та година подигнале 1,23 милиони осигуреници или 66,4% од вкупниот број на осигуреници.
Лага е тврдењето дека нема лекови на рецепт после 15-ти во месецот .Искористеноста на средствата наменети за лекови на рецепт-КВОТИ во месец јануари биле 98% на ниво на цела држава, феврурари биле 97%, март 98%. Ова значи дека останале пари наменети за лекови на рецепт т.е сите не биле искористени до крај од страна на аптеките.
Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран пораст во изминатите години.
За споредба, ако во 2002 во време на СДС,државата обезбедила само 8 милиони рецепти за осигурениците, во 2016-та на товар на државата се подигнати 22,2 милиони рецепти од страна на осигурениците.
Разликата на сегашната ситуација со таа кога на власт беше СДС е огромна, затоа што сега повеќе нема редици во аптеките, нема дефицит на лекови и осигурениците не ги плаќаат приватно лековите по повеќепати повисоки цени.
Здравството во време на СДС беше доведено во таква катастрофа, што не беше земано воопшто предвид во ниту едно релевантно светско здравствено истражување и рангирање.
СДС здравството го подрзабираше единствено како начин за купување на накит за министерките од партијата со буџетски пари. СДС својата здравствена политика ја темелеа на развивање бизниси со стентови и креирање на вештачки недостатоци со лекови. Ова е нивниот придонес во здравството кои некои граѓани ги чинеше здравје и живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.