Охриѓани се запознаа со велигденските традиции на рускиот народ

Од:

Верските обичаи во Русија по повод големиот христијански празник Велигден, традицијата на руските православни верници беа претставени пред охриѓани во рамки на манифестацијата што ја организираа националната Библиотека „Григор Прличев“ и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Како што истакна почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, македонскиот и рускиот народ ги поврзува православието, заедничките историски корени, за кои нагласи дека се, „длабоко вткаени во светските цивилизациски придобивки со своите културни, културолошки, историски и други придонеси“.

Елена Обухова, русинката која седум години живее во Охрид, пред охриѓани раскажуваше за руските обичаи за Велигден, нагласувајќи дека тие во Русија не се толку искомерцијализирани, но во основа исти.

Таа истакна дека во Русија најмногу се бојадисуваат црвени јајца, а другите се јајца кои се бојат со восок. Тие се даваат на новороденчиња, младоженци, а се носат и на гробишта како почит кон умрените.

– Во минатото се верувало дека највредно е јајцето кое ќе ви го даде свештено лице и дека има лековита моќ. Ако се јаде ќе донесе здравје дури и ако се чува цела година, или од 3 до 12 години. Во Русија исто така се верува дека лушпите од јајцата кои се носат во црква не треба да се фрлаат бидејќи ќе дојдат самовили, ќе направат кајчиња и ќе избегаат или оној кој ќе ги фрли лушпите ќе се разболи од треска, раскажува Обухова.

Како дел од настанот организиран по повод престојниот празник Велигден, посетителите имаа можност да слушнат предавање за историјата и современите тенденци на уметноста на украсување на јајца, а исто така можеа да земат учество во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски јајца.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Преговорите меѓу Европа и Русија се неизбежни

Неколку згради се оштетени во руски напад на Киев

Зеленски: Русија продолжува со напади и покрај примирјето

Путин ги прими Додик, Каран и Стевандиќ во Кремљ: „Со векови имаме блиски односи и ми е мило што сте тука“

И покрај американските закани, Путин продолжува да му помага на Иран

(ВИДЕО) Путин од воената парада: „Советската армија го спаси светот, победата секогаш ќе биде наша“

Предраг Петровиќ