Во Куманово одбележан Светскиот ден на здравјето

Од:

По повод Светскиот ден на здравјето, 7 април, лекари од одделението за уво, грло, нос и очното одделение од кумановската општа болница денеска извршија бесплатни прегледи за корисниците на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово.

-Сметаме дека на овој начин достојно го одбележуваме Светскиот ден на здравјето. Корисниците беа задоволни од прегледите кои ги извршија лекарите од ОРЛ одделението од општа болница, изјави, директорот на болницата Ариф Латифи.

Од Центарот за јавно здравје Куманово, информираа дека денешниот Светскиот ден на здравјето се обележува под мотото „Депресија – ајде да разговараме“.

Докторката Јадранка Стаменковска потсети дека кампањата за ментално здравје започнала на 16 октомври и дека има цел да се зборува за депресија, да се дададт препораки, да се информира населението и да се преземат сет мерки за да им се помогне на сите категории граѓани.

-Ако во 2015-та година во Куманово, болнички се лекувале 31 пацинет од депресија, во 2016-та има евдиентирани 75 лица кои се лекувале. Од нив само седумина биле мажи, останатите се жени, изјави Стаменковска.

Најголем процент се во возраснат категорија од 40 до 45 години. Центарот за јавно здравје активно се вклучува во кампањата преку делење флаери за депресијата и се настојува што е можно поголем број на население да биде информирано.

Светскиот ден на здравјето го одбележува и Националниот Ромски Центар (НРЦ) Куманово кои обрнуваат посебно внимание на пост-породилната депресија. Од НРЦ информираат дека во овој период го реализира проектот „Унапредување на здравјето на жените Ромки- продолжение“ под мотото „Да зборуваме – моето здравје е мое право“, за зајакнување на Ромката во однос на нејзините здравствени права и обврски, со посебен акцент на сексуалното и репродуктивното здравје.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски