Харадинај: Не го признавам српското правосудство

Од:

По завршувањето на денешното рочиште во судот во францускиот град Колмар, Рамуш Харадинај пред новинарите изјави дека не го признава српското правосудство и дека вистината била потврдена во 2012 година, алудирајќи на пресудата на Хашкиот трибинал со која тој беше ослободен од обвинението заради недостиг од докази.

„На 28 ноември 2012 година беше потврдена вистината. Правосудството на Србија тоа не го знае, а одговорот ќе го добие кога и ќе го побара“, рече Харадинај.

Во текот на седницата, како што пренесоа медиумите од Приштина, тој навел дека француското судство и верува на српската пропаганда, тврдејќи дека Србите го сториле злосторствата на Косово и дека главниот виновник за тоа е некогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски