Кривична пријава за адвокат од Берово

Од:

Поднесена е кривична пријава против Т.Д.(34), адвокат во Берово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во својство на адвокат на лице од село Ратево кое го застапувал во кривичен предмет што се води во Основното јавно обвинителство Кочани, во повеќе наврати во текот на март годинава, преку телефон или СМС пораки барал парични средства од оштетениот. Оштетениот пријавил дека Т.Д. како полномошник – адвокат, односно лице кое што врши јавен интерес на оштетениот во кривичен предмет против него, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во повеќе наврати барал парични средства од него.

По претходно добиена наредба за претрес на лице, дом, претрес на подвижните предмети на лицата затечени во домот и другите простории како и претрес на адвокатстската канцеларија добиени од страна на судија за претходна постапка на 31 март годинава е извршен претрес на адвокатската канцеларија на пријавениот, во која присутен бил и пријавениот кој доброволно го предал пликот во кој се наоѓале 3.000 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани, соопшти МВР.

Судија во претходна постапка наредил одземање на мобилниот телефон кој го користи Т.Д. заедно со СИМ картичка заради обезбедување докази, а како основ за сомневање за кривичното дело.

Би можело да ве интересира

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево