Албанија отвора остров со статус на воена база за туристички посети

Од:

Албанското Министерство за одбрана се согласи да го отвори во текот на летото за турсти островот Сазан, воена база, која се уште се наоѓа под негова управа.

Министерот за одбрана, Мими Кодели потпиша вчера спогодба со министерот за економија Милва Икономи за доделување дозвола за посети за периодот од мај до октомври.

Икономи ја означи спогодата како „важен настан за албанската економија“, со оглед на тоа дека голем број туроператори сметаат дека по обезбедувањето пристап, Сазан ќе се претвори во популарна атракција за туристите.

Островот, кој некогаш беше заштитено и изолирано место, има бункери и тунели, наменети да издржат нуклеарни напади.

Тој и натаму останува мистерија за голем број Албанци и покрај тоа што таму некогаш живееле над три илјади војници. Тој има официјален статус на воена база, каде сега има едвај неколкумина војници.

Сазан, најзападната точка на Албанија, некогаш била користена од фашистичкиот режим на Италија во текот на ’30-те години од минатиот век. Албанскиот комунистички режим подоцна таму изгради ровови и тунели, за да спречи евентуална западна инвазија.

И покрај падот на комунизмот во 1992 година во разурнатите згради се уште има стари кревети, кујнски садови, училишни клупи и столици.

Кодели изјави дека Владата размислува да ги дозволи туристичките посети и на другите две военопоморски бази, Паше Алимани и Орикум, каде има археолошки наоѓалишта.

Околу 4,7 милиони туристи ја посетиле Албанија во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска